Избран „најдобриот дефанзивец“ во светот

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос беше избран за најдобар во светот во идеалните „единаесет“ на ФИФАпро.

За капитенот на „белиот балет“ и националниот тим на Шпанија гласаа фудбалери од целиот свет. Името на Рамос како „најдобар дефанзивец“ за минатата сезона ќе биде објавено денеска на гала вечер во Лондон за наградите „The Best“.

Од 2011 година, дефанзивецот на „кралскиот“ клуб е постојано во совршените „единаесет“ на светот. Во 2008 година, тој, исто така, стигна до најдобрите, заеднос со неговиот соиграч во репрезентацијата на Шпанија, Жерард Пике.

Серхио Рамос има 571 натпревар и 19 титули со Реал Мадрид, како и 158 натпревари и 3 големи меѓународни трофеи со „Ла Рохан“.

Најдобриот светски играч за минатата сезона ќе биде избран на церемонијата во Лондон денес – тројца номинирани се Кристијано Роналдо, Мохамед Салах и Лука Модриќ.

За прв пат по 12 години, ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, не е дел од натпреварот за трофејот на ФИФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e