Изборот на најдобрите во Примера донесе големи изненадувања, Меси и Роналдо останаа во втор план

Ако досега првите луѓе на шпанскиот фудбал обично го забораваа трудот на Атлетико Мадрид кога се во прашање индивидуалните признанија по крајот на сезоната, сега случајот не е таков откако четата на Чоло Симеоне ги собра речиси сите значајни награди се минатата натпреварувачка сезона во која интересно заврши трети.

Можеби звучи чудно, но Атлетико комплетно доминираше на гала вечерта и ги остави во сенка шампионот Барселона и второпласираниот Реал Мадрид, тим од кој награда доби само Лука Модриќ.

Антоан Гризман ја понесе најпрестижната награда, најдобар играч во Примера, Диего Годин беше избран за најдобар дефанзивец, Јан Облак за најдобар голман, додека статусот на најдобар тренер во Шпанија го понесе Чоло Симеоне.

Од Барселона, Лионел Меси беше прогласен за најдобар напаѓач и покрај тоа што Луис Суарез и Кристијано Роналдо постигнаа повеќе голови од него, додека Лука Модриќ беше издвоен како најдобар играч за врска.
Марко Асенсио кој лани играше во Еспањол како позајмен играч од Реал е прогласен за фудбалер со најголем прогрес, додека наградата најдобар странски играч отиде во рацете на Луис Суарез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e