Легендарниот фудбалски тренер, сер Алекс Фергусон е обвинет за местење на барем еден натпревар во текот на неговата кариера, пренесуваат медиумите на Островот.
Тој беше обвинет од италијанскиот агент, 64-годишниот Џузепе Пино Палјара, кој истакна дека поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед го сторил тоа заради златен ролекс од 30.000 фунти.
Тој го обвини Фергусон за местење на натпревар во Лигата на шампиони против Јувентус, а информацијата беше откриена на суд, каде Италијанецот е под обвинение за мито.
Исто така се тврди дека Палјара изјавил дека Фергусон честопати незаконски земал пари од трансфери на разни играчи.
Заедно со него се обвинети и поранешниот помошник тренер на Барнсли, Томи Рајт и фудбалскиот агент Декс Прајс, кои се изјаснија за невини по тврдењата.
Имињата на славни фудбалски фигури како Стив Мекларен, Хари Реднап и Нил Ворнок исто така беа споменати на судењето на Палјара.