Интер им се приклучи на Јувентус и Милано во обидот да го донесе фудбалерот Марко Верати од ПСЖ.
“Gazzetta dello Sport” пишува дека Интер е подготвен да ги осигура услугите на италијанскиот репрезентативец по секоја цена, па во јануари ќе им понуди на ПСЖ 65 милиони евра. “Le Parisien” пишува дека челниците на Интер веќе се состанале со менаџерите на фудбалерот.
Ако ПСЖ и Верати се согласат на трансферот, Марчело Брозовиќ и Џофри Конгдобија би требало да го напуштат клубот и да преминат токму во ПСЖ.
За Верати покрај наведените клубови, заинтересирани се и Баерн Минхен, Барселона и Реал Мадрид. Станува збор за одличен 23 годишен фудбалер кој има светла иднина.