Инфантино предлага Светско првенство со 48 репрезентации

Првиот човек на светската куќа на фудбалот, Џани Инфантино предлага мундијалот во 2026 да брои 48 учесници.

Во својата кампања за претседател на ФИФА, Џани Инфантино ветуваше проширување на Светското првенство.

Тогаш тој говореше за мундијал со 40 репрезентации, но денеска откри една нова идеја, односно Светско првенство со 48 учесници.

Џани Инфантино предлага во земјата домаќин најпро да се одиграат нок-аут натпревари по кои 16 репрезентации ќе се вратат дома, а првенството потоа ќе продолжи како што е во сегашниот формат со 32 репрезентации поделени во осум групи.

„Ова е една идеја, се обидуваме да го најдеме најдоброто решение” – рече Џани Инфантино зборувајќи на универзитетот Серхио Арболеда во Богота.

„Ќе дискутираме на оваа тема овој месец и ќе одлучиме до 2017”.

„Идеата е 16 репрезентации да се квалификуваат директно во групната фаза а преостанатите 32 да играат прелиминарна рунда во земјата домаќин”.

„Тие ќе се борат за останатите 16 места. Тоа значи дека ќе продолжиме со нормалниот формат од 32 екипи, но 48 репрезентации ќе пристигнат на забавата”.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e