Индира Кастратовиќ повеќе не е тренер на ЖРК Вардар, клубот одлучи да ја прекине соработката со неа, а наскоро ќе биде познато кој ќе дојде на нејзиното место.
Вардарки лошо ја отворија новата сезона, одиграа само реми против Ференцварош, па клубот не чекаше многу, веднаш се одлучи за тренерска смена.
„По натпреварот од првото коло во Б групата од лигата на шампионите клубот реши да ја прекине соработката со тренерот на првиот тим Индира Кастратовиќ“ – стои во соопштенито на Вардар.
„На денешниот тренинг на играчите им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Ракометарките продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а без оглед на промените амбициите остануваа исти, а тоа е напад на самиот европски врв“.
Во наредните денови ќе биде познато кој ќе биде наследникот на Индира Кастратовиќ, а досегашниот нејзин помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб.
Кастратовиќ од 2012 беше тренер на Вардар кој со неа освои четири шампионски титули, три пат беше победник на Купот на Македонија, и три пати ја освои бронзата во Лигата на шампионите.
За поврзани вести продолжете надолу