Македонската репрезентација за ракометари до 17 години ремизира 25:25 (13:15) против врсниците од Бугарија на турнирот во градот Гоце Делчев.
Настанот беше замислен како мини Балканско првенство, но селекцијата на Косово се откажа и на нејзино место влета екипата на Пирин.
Утре од 13 часот, нашите ракометни таленти ќе играат со соодветната репрезентација на Романија, а задутре во 09 часот ќе одмерат сили и со Пирин. Македонскиот тим е под водство на селекторот Данило Брестовац, а ракометарите од генерацијата 2002/03 наредното лето ќе настапат на ЕХФ шампионатот во Скопје.