Икарди во одбрана на Лукаку: Можеби му треба повеќе време

Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, кој е отстапен од Интер, застана во одбрана на Ромелу Лукаку. Во првите четири натпревари за „нероазурите“, Белгиецот постигна три гола, а во наредните четири не успеа ниту еднаш да се запише во листата на стрелци.

„Мислам дека не се наоѓа во тежок период. Добро почна, постигна неколку гола по што дојде повредата што веројатно и доведе до критики. Лукаку е голема инвестиција за клубот и беше силно поддржан од Антонио Конте, па затоа мора да ги исполни очекувањата. Но, не е лесно да се игра во Италија. Серија А е најдефанзивното првенство во Европа. Можеби му треба повеќе време да се навикне. На секој му се случува да има лош период“, изјави Икарди за „Газета дело Спорт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e