Игор Стефановски Иџе стигна до прва победа во ЕТЦЦ-шампионатот, Македонецот попладнево извозе одлично за големо славје во Имола.
За последната трка од сезоната, Игор Стефановски Иџе возеше за нов клуб и, што е поважно, доби нов автомобил.
Тој веднаш покажа дека може многу повеќе, беше солиден цел викенд, вчера во квалификациите го освои четвртото место, а денеска успеа да стигне до голема победа.
Во првата трка на Имола, Игор Стефановски Иџе имаше одличен старт и се проби на втората позиција.
Потоа го нападна и лидерот Крис Рихард, во првиот обид Швајцарецот ја одбрани позицијата, но потоа направи грешка и му овозможи на Игор Стефановси Иџе да го преземе лидерското водство.
Македонецот потоа имаше одлична соло-трка и до крајот креираше неколку секунди предност за голема победа на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“.
За поврзани вести продолжете надолу