Пеп Гвардиола беше капитен, а подоцна и успешен тренер на Барселона, но неговата кариера во овој клуб можела да заврши и неславно.
Шпанскиот стручњак се наврати на почетоците на кариерата по повод објавувањето на постхумната автобиографија на Јохан Кројф и откри дека помислил дека ја завршил приказната во Барса уште по првиот пријателски натпревар одигран под водство на холандскиот стручњак.
По завршувањето на натпреварот, Кројф бил бесен на Гвардиола и му се обратил во соблекувалната.
– Ми рече дека сум поспор од баба му, а за мене тоа беше многу лошо бидејќи го играв првиот натпревар. Сакав да играм и во второто полувреме против третолигашот Бањолес, но Кројф едноставно ми рече „Не“. Додека седев на клупата си помислив дека никогаш веќе нема да заиграм за првиот тим на Барселона, дека приказната е завршена, – открива Гвардиола кој сепак подоцна стана миленик на Кројф.
– Тогаш не можев да го разберам, но тоа беше неговиот стил. Најпрвин бараше многу од мене, но кога ќе успеете и ќе влезете во тимот, постојано не штитеше. Знаеше како да менаџира, кога да притиска, а кога да штити од притисокот кој се создаваше, – појаснува менаџерот на Манчестер Сити.
За поврзани вести продолжете надолу