Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола со пофалби за својот колега од Ривер Плата, Марсело Галјардо. Како што е познато, последниот е поврзан со тренерската позиција во Барселона иако Каталонците негираат планови за смена на Ернесто Валверде.
„Галјардо прави неверојатни работи во Ривер Плата. Има работи што не можам да ги објаснам. Треба да посветиме поголемо внимание на фудбалот во Јужна Америка. Фудбалот се чини како да постои само во Европа“, изјави Гвардиола за „ТНТ Спорт“.
Имено аргентинските медиуми вчера објавија бомбастична вест дека Галјардо наводно може наскоро да седне на клупата на Барселона. Валверде е под голем притисок на „Камп Ноу“ поради лошиот почеток на сезоната во Примера и покрај серијата од три последователни победи.