Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се јави со коментар по поразот од Вулверхемптон во 8. коло од шампионатот на Англија (0:2). Вели дека „граѓаните“ немале свој ден, но и гостите одлично се бранеле.
„Не беше добар ден за нас. Почнавме добро, сакавме да бидеме трпеливи во нападот, затоа што знаевме како тие добро се бранат. Потоа им дозволивме да направат две додавања, почнавме да се нервираме и слабо создававме шанси. Тие се бранеа, играа со долги топки, одеа на контранапади. Не бевме организирани, изгубивме топки на оние позиции што не требаше да ги изгубиме“, изјави Гвардиола.
По осум кола во Премиер лигата. Манчестер сити заостанува зад лидерот Ливерпул осум бода.