Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, само неколку месеци е на кормилото на „граѓаните“, а веќе стигна до првиот рекорд. Тој го израмни рекордот на Италијанецот Карло Анчелоти, кој исто така имаше шест победи на стартот на сезоната во Премиер – лигата кога го предводеше Челси.
Шпанецот досега ги доби сите десет официјални натпревари откако го предводи Манчестер сити, а неговиот тим делува беспрокорно речиси во сите сегменти. Злобниците ќе кажат дека се наоѓа во финансиски можен клуб кој му ги исполни сите желби во летниот преоден рок, но, сепак, видлив е значаен напредок во играта на „граѓаните“ оваа сезона.
За поврзани вести продолжете надолу