Македонија забележа победа од 26-25 над Украина во првото коло од Европското ракометно Првенство во Виена. Капитенот Кире Лазаров го постигна победничкиот погодок, откако нашите ракометарите „прокоцкаа“ предност од пет гола во второто полувреме.
Голманот Никола Митревски имаше фантастична партија со 15 одбрани, дел од нив беа на крајот од натпреварот кога беше најтешко. Капитенот Кире Лазаров освен што го постигна најзначајниот гол беше најефикасен со осум погодоци, Манасков даде пет, Стоилов и Талески по четири.
Следниот настап македонските ракометари го играат во недела од 16 часот против репрезентацијата на Чешка и доколку победат сигурно ќе се најдат во втората рунда од натпреварувањето.