Тимот на Широки Бријег вчера на домашен терен претрпе пораз од 1:0 од Челик во првото коло од босанската Премиер лига.
Тренер на тимот е поранешниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски кој после вчерашниот пораз реши да си поднесе оставка.
Седлоски одлуката на челниците на тимот им ја соопштил по завршување на натпреварот.
Се шпекулира дека Седлоски ќе се врати во Вардар каде ќе ја извршува функцијата спортски директор.