Ѓоковиќ откри дека размислувал да ја прекине кариерата

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, откри дека во 2010 година размислувал да ја прекине својата кариера, после поразот од Јирген Мелкер во четвртфиналето на турнирот Ролан Гарос.

Имено, во тој натпревар Ноле водеше со 2:0 и 3:2 во третиот сет, но на крајот сепак беше поразен.

novak-gjokovic

“После тој пораз за прв пат во животот размислував и стравував околку тоа дали треба да продолжам да играм тенис. Беше преломна точка во мојата кариера”, изјави Новак за магазинот “Tennis Smash”.

Тој исто така во разговорот ги одвои и четирите најважни моменти во својата кариера.

“Победата во финалето на Дејвис Купот во 2010 година, победите на Вимблдон во 2011 и 2014 година и најдолгото Гренд Слем финале со Рафаел Надал на Австралија Опен во 2012 година”, изјави српскиот тенисер.

novak-djokovic-rio-apartman-21

Покрај прашањата поврзани со тенисот, Ноле откри и неколку интересни факти за него, како тоа дека Белград и Копаоник му се омилени места на планетата, дека најрадо би вечерал со Никола Тесла и дека особено почитува две личности.

“Ричард Бренсон е еден од луѓето на кои им се восхитувам, како и еден српски монах на Света гора”, изјави Ѓоковиќ.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e