Екипата на Шкендија е елиминирана во квалификациите за Лигата на шампиони за играчи до 19 години. Подмладокот на тетовци попладнево одигра 2:2 со Динамо Киев и, колку-толку, чесно се прости од натпреварувањето.
Првиот меч украинскиот тим го доби со огромни 8:0, па денешниот реванш на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, беше чиста формалност.
Шкендија поведе со голот на Гаши, потоа Динамо во второто полувреме даде два гола, и во 90-та минута поведе со 2:1. Но, Спахиу израмни во 93-та минута, по нереализираниот пенал на Реџепи, па македонскиот претставник го заврши своето натпреварување.