Енис Барди поради повреда не е во можност да ѝ помогне на македонската фудбалска репрезентација во претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2020.
Селекторот Игор Ангеловски дополнително ги повика Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре во 12 часот.
Македонската репрезентација на 10 октомври ќе игра против Словенија на националната арена „Тоше Проески”, а три дена подоцна ќе гостува на селекцијата на Полска.