Фантастичен гест на фановите на Јувентус. Каков вид на почитување на легендата.
Фановите на Јувентус знаат да ги ценат вистинските вредности, но кога станува збор за Џанлуиџи Буфон (38), не постои сомнеж дека спаѓа во оваа категорија, тоа можеше да се види за време на натпреварот против Удинезе во осмото коло од Серија А.
Навивачите на Старата дама одлучија за време на второто полувреме да истакнат транспарент со кој ќе покажат апсолутна поддршка на легендарниот голман, после неговите две грешки во националниот тим (на мечот со Шпанија) и клубот (токму на оваа средба со Удинезе), кои резултираа со примени голови.
“Дури и Супермен понекогаш е само “Кларк Кент”. Џиџи, ти си нашиот супер херој засекогаш “, пишуваше на транспарентот во финалниот дел од натпреварот кој тимот на Алегри го доби со резултат од 2:1, иако примениот гол беше по грешка на Буфон.
Никој во Торино за тоа не му замерува. Напротив.