(ФОТО) Стојчев и Димитриевска победници на Телеком турнирот во пинг – понг

Пингпонгарскиот клуб од Крива Паланка беше домаќин на Вториот Телеком Мастерс турнир кој е од серијата рангирни турнири во Јуниорска категорија за играчи до 18 години.
На турнирот учествуваа околу 50 играчи во машка и во женска конкуренција.

Турнирот се состоеше од квалификациски дел, каде што играчите се распоредени во групи, и систем на директни елиминации, каде што се квалификуваат двајцата првопласирани од секоја група. Во машка конкуренција во првиот дел од турнирот натпреварувачите беа распоредени во осум групи, додека во женска конкуренција имаше шест групи.
Во групната фаза на турнирот фаворитите ги освоија првите места во групите. Исто така и во нокаут системот најдобрите стигнаа до самиот крај, каде што играчите кои ја имаа фаворитската улого ги освоија првите места.

Наградите на најдобрите ги доделија претседателот на Совет на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска и директорот на јавното комунално претпријатие и член на надзорниот одбор на ППК Крива Паланка, Миле Марковски.

Пласман

Јуниори
1. Дамјан Стојчев
2. Даниел Атанасов
3. Војдан Тодоров, Теодор Волкановски

52047555_1596726507137760_7526281740667584512_n

Наградите ги додели директорот на јавното комунално претпријатие, Миле Марковски

Јуниорки
1.Ива Димитриевска
2.Бојана Михајловска
3. Ана Стојановска, Мила Штрковакп

52033977_1596726760471068_1937558613077786624_n

најдобрите јуниорки со претседателот на советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска

Победниците на вториот Телеком Мастерс турнир исто така се и првопласирани на ранг листата во јуниорска конкуренција после два одиграни турнири од серијалот турнири кој го сочинуваат четири натпреварувања: Двата Мастерси, Државното првенство и ТОП 8 турнирот.

Пинг понгарскиот календар продолжува на 17 февруари во Свети Николе со Вториот Телеком Мастерс во сениорска конкуренција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e