Откако ја прекинаа соработката со „Франс Фудбал“, ФИФА веќе две години ја издава „The Best“ награда за најдобриот играч во светот во една календарска година, а ако првите две изданија на церемонијата на Светската куќа на фудбалот како победник излегуваше Кристијано Роналдо, овогодинешното ќе биде навистина необично бидејќи на истата нема да видиме еден од најдобрите играчи во светот.
ФИФА денеска ја соопшти листата од 10 фудбалери кои влегуваат во потесен круг за добивање на престижната награда, а во истата го нема најскапиот играч во историјата на фудбалот, Бразилецот Нејмар. Луѓето од ФИФА проценија дека нема место за Нејмар меѓу десетте најдобри во изминатата натпреварувачка сезона, а најверојатно причина за тоа е тешката повреда која ја имаше, како и лошото издание кое го имаше на мундијалот.
Покрај Роналдо кој победи во првите две изданија на оваа награда, во изборот на ФИФА уште се Кевин Де Брујн, Антоан Гризман, Еден Азар, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Лука Модриќ, Мохамед Салах и Рафаел Варан.