(ФОТО) Кошаркарките од Крива Паланка државни прваци до 14 години

-Женската екипа на Кошаркарскиот клуб “Крива Паланка” е државен првак во конкуренција до 14 години.Титулата ја освои откако по апсолутната доминација во текот на целата сезона на вчерашниот финален турнир го освои првото место.
Завршниот турнир се одржа вчера во спортската сала”Бранители 2001″ во Крива Паланка,а учествуваа најдобрите четири женски екипи од генерација 2005/06 и помлади од кошаркарските клубови: “Трокал”, Кавадарци, “Патриот 2016”, Делчево, “Бадел 1862”, Скопје и домаќинот, КК “Крива Паланка”.
Екипите одиграа по еден полуфинален натпревар,по што во мечот за третото место разигруваа “Патриот 2016”, Делчево и “Трокал”, Кавадарци, а подобра беше екипата на Кавадарчани.
Кривопаланечките кошаркарки по победата над Кавадарци се пласираа во финалето,каде ги надиграа врсничките од”Бадел 1862″, со резултат 63:42.

61239976_296783267865968_7708636014717173760_n– Ова е голем успех најпрвин за нашите кошаркарки и нашиот клуб,круна на вложувањата, напорите и одрекувањата во оваа сезона,но е плод на сето сработено, целата посветеност во изминатите години.Ние како стручен тим во клубот работиме посветено,со целосна поддршка на секој член да се надградува и усовршува, што го прави тимот комплетен и компактен, учејќи ги дека тимската игра е она што не носи до победите, информира стручниот штаб на КК Крива Паланка.
За најкорисен играч на натпреварот е прогласена Алексовска Михаела,од КК Крива Паланка, со постигнати 36 поени во финалниот натпревар и заслужено го освои МВП трофејот.
Медалите и пехарите ги доделија: претставници од Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија, Томе Дислијев и Горан Трпчевски, градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

61122341_385306628751191_7576350579618742272_nОд кошаркарскиот клуб Крива Паланка се заблагодарија на сите родители,на поддршката од локалните власти,од општествените чинители,од спонзорите и поддржувачи кои помогнаа и вчера да се организира беспрекорно и непречено финалниот турнир,но и овозможија да се реализираат сите предвидени натпревари во текот на целата сезона 2018/19.

61280424_385306722084515_4115375471900753920_nСекторот за внатрешни работи Куманово, Отсек за превенција и Полициска станица Крива Паланка во соработка со општината им дадоа поддршка на најмладите за време на одржување на турнирот и на сите екипи учесници, тренерите и службените лица,судии и делегат, им доделија благодарници , поради промоција на позитивни вредности.

60945514_385306808751173_5134898973080813568_n– Честитки и поддршка до најмладите кои во слободното време спортуваат и другаруваат и даваат се од себе да постигнат големи резултати, за што како дел од проектот кој го спроведуваме за заштита на најмладите од пороците на денешното модерно време на тема “Спорт да-дрога не”, доделивме благодарници и дипломи.И во иднина остануваме да се грижиме за безбедноста на најмладите во нашата општина, рече командирот на ПС од општа надлежност Крива Паланка.

60899182_385306845417836_6085253602211790848_nОд КК Крива Паланка истакнаа дека до крајот на сезоната им претстои одигрување на финалниот турнир за девојки до 16 години каде како третопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната изборија пласман во завршницата за медали.Овој турнир е предвидено да се одржи на 9 и 10 јуни годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e