Чуварот на мрежата од голот на германскиот првак не можеше да се помири со тоа што го направи синоќа.
Реал Мадрид успеа да избори место во големото финале во Лигата на шампионите, откако синоќа во реваншот против Баерн Минхен на домашен терен обезбеди реми со резултат 2-2, а на гости претходно славеше со 1-2.
Свен Улрајх е големиот трагичар кај Германците откако чуварот на мрежата од голот на тимот од Минхен при голот на Бензема за 2-2, по неполна минута игра во второто полувреме, имаше голем кикс откако ја испушти топката и му дозволи на францускиот напаѓач лесно да ја смести топката во неговиот гол.
За тоа колку беше разочаран од киксот, доволно говори и оваа фотографија по крајот на мечот, каде тој остана сам да седи на теренот разочаран, без никого околу себе…