Формула 1: Првото гранпри на Мајами ќе се вози во мај во 2021 година

Формула 1 ќе организира викенд во Мајами во 2021 година по принципиелниот договор да се одржи трка околу стадионот „Хард рок“, дом на локалните „Долфинс“.

„Воодушевени сме да објавиме дека Формула 1 и стадионот„ Хард рок“ постигнаа принципиелен договор за одржување на првото гранпри на Мајами. Убедени дека трката ќе биде од огромен економски бенефит за Јужна Флорида и не можеме да чекаме да се одржи најстрашната трка со автомобили во една од најгламурозните области на светот“, изјавија маркетинг директорот на Ф1, Шон Брачес и Том Гарфинкл, кој е потпретседател на Мајами Долфинс.

Веќе се појавија фотографии за тоа како би изгледала трасата, но не е јасно во оваа фаза дали трката ќе ја замени ГН на САД на патеката Остин. Ако Мајами влезе во календарот наместо друга патека, тогаш ќе има две трки во САД за прв пат по 1984 година.

Формула 1, сепак, треба да добие дополнителни дозволи, но ако се оди според планот, тогаш трката во Мајами ќе се вози во мај во 2021 година. Како што е познато, првичните планови беа трката да се одвива низ центарот на градот, но тие се далеку од реализација. Интересот на Ф1 за областа е огромен за што говори и бројката од 80.000 луѓе за време на Ф1 фестивалот во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e