Престижниот магазин „Форбс“ ја објави листата на највредни спортски клубови за 2019 година.
На врвот на листата, четврта година по ред се наоѓа НФЛ тимот на Далас каубојс, зад него е бејзбол тимот на Њујорк јенкис, а на третото место се најде Реал Мадрид кој вреди 200 милиони повеќе од најголемиот конкурент, Барселона.
Најголем пад на листата бележи Манчестер Јунајтед, кој по долги години испадна од Топ 5.
10-те највредни спортски клубови во светот:
1.Далас Каубојс 5 милијарди долари
2.Њујорк Јенкис 4,6 милијарди долари
3.Реал Марид 4,24 милијарди долари
4.Барселона 4,02 милијарди долари
5.Њујорк Никс 4 милијарди долари
6.Манчестер Јунајтед 3,81 милијарди долари
7.Њу Ингланд Пејтриотс 3,8 милијарди долари
8.Лос Анџелес Лејкерс 3,7 милијарди долари
9.Голден Стејт Вориорс 3,5 милијарди долари
10.Њујорк Џајнтс/Лос Анџелес Доџерс 3,3 милијарди долари