ФК Барселона за апсењето на каталонските активисти: Затворот не е решение

Фудбалскиот клуб Барселона ја критикуваше одлуката на шпанскиот Врховен суд за осудата на 12 каталонски политичари и активисти за нивната улога во неуспешното прогласување на независност во 2017 година, велејќи дека „затворот не е решението“.

Каталонскиот клуб соопшти дека одлуката за дијалогот за каталонска независност мора да дојде „исклучиво преку политички дијалог“.

Клубот ги повика политичките лидери да водат дијалог и процес на преговори и да најдат начин да ги ослободат затворениците, пренесува АП.

ФК Барселона е една од највредните каталонски институции, а клубот има и долга „дв0смислена“ врска со сепаратистичкото движење на Каталонците.

Со години сепаратистите на стадионот „Камп Ноу“ ги развиваат знамињата на независна Каталонија, како и голем транспарент на кој пишува „Каталонија не е Шпанија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e