Фиорентина го отпушти Монтела

Фиорентина го отпушти Винченцо Монтела. Тоа се случи помалку од 24 часа по поразот од Виолетовите од 1:4 на домашен терен од Рома во италијанскиот шампионат.

„Одлуката е донесена по долга и детална анализа на перформансите на тимот и резултатите. Потребна е тренерска промена за веднаш да се сменат перформансите на теренот“, сподели клубот од Фиренца на својата официјална веб-страница.

Монтела ја водеше Фиорентина во периодот 2012-2015 година, а на почетокот на оваа сезона се врати во Фиренца. Тој е и поранешен тренер на Милан, Сампдорија и Севиља.

Фиорентина се најде на 14-то место во пласманот во Серија „А“ со само 17 поени од 17 одиграни натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e