Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го објави логото на годинашното Светско клупско првенство што ќе се игра во Доха, Катар, а со него и датумите во кои шампионските тимови од сите континенти ќе се борат за трофејот.
Клупскиот мундијал, 16. по ред, ќе се игра од 11 до 21 декември. Сигурни учесници се Ливерпул (Европа), Есперанса (Африка), Монтереј (Средна и Северна Америка), Енген спорт (Океанија) и Ал Саад (домаќин). Останатате две празни места се резервирани за прваците на Азија и на Јужна Америка.
За изгледот на амблемот, ФИФА објасни дека се бирале елементи од арапската азбука и традиционални детали што се карактеристични за богатиот Катар. Топката која е врз пехарот има изглед на бисер.