Светската фудбалска централа ја претстави новата награда која ќе се доделува на најдобрите фудбалери и тренери за годината кое претставува алтернатива на „Златната топка“ која ја врачува францускиот магазин „Франс Фудбал“.
Како што е познато ФИФА и Франс Фудбал ја раскинаа соработката, па Светската куќа ќе ги најдобрите во фудбалот и церемонијата ќе го носи името „FIFA Football Awards“, а првото издание ќе биде на 9 јануари 2017 година во Цирих.
Воведен е нов систем на гласање, според кој победникот ќе биде избран по следниот процес – 50% од гласовите ќе бидат од изборот на селекторите и капитените на националните тимови. Останатите 50% се гласовите на фановите и на 200 спортски новинари од целиот свет.
Денеска (2 ноември) ќе бидат објавени десеттмината тренери кои ќе се тркаат по наградата, а два дена подоцна ќе биде објавен поширокиот список од 23 играчи кои претендираат за наградата. Кандидатите чии имиња ќе бидат познати денеска ќе бидат редуцирани на тројца по што тренерите ќе имаат можност да гласат за најдобар светки фудбалер и тренер.