Освојувачот на рекордни 20 Гренд слем титули, Роџер Федерер, направи интересно откритие за неговите планови по завршувањето на професионалната кариера. 38-годишниот Швајцарец сè уште не одлучил кога ќе се повлече од АТП турнејата, но планира да тренира млади играчи еден ден.
Покрај тоа, Федерер сака да предава на академијата на својот шпански колега и долгогодишен ривал на теренот, Рафаел Надал.
„Ме прашуваа за ова некое време – Жал ми е што повторно ве разочарав … не знам кога ќе сопрам“, прокоментира Федерер на темата на неговото пензионирање.
„Но, би сакал помладите играчи да ги учам тенис. И јас би сакал да го сторам тоа на академијата на Рафа Надал“, додаде Федерер, цитиран од „Тенис Ворлд“.