Рожер Федерер му укажа голема чест на својот ривал Рафаел Надал, посетувајќи го неговиот роден град Манакор на Мајорка, каде Шпанецот денеска ја отвори својате тениска академија.
Федерер бил специјален гостин на Надал, присуствувајќи на церемонијата на отворање на академијата која содржи 26 тениски терени, фудбалски тенери, фитнес сали и хотелски соби.
– Ако моите деца сакаат да се занимаваат со тенис, ќе ги испратам тука, – изјавил Федерер кој му посака и брзо закрепнување на Шпанецот.
– Сега гледам како е да бидеш повреден посериозно, му посакувам на Рафа брзо заздравување. Единствена предност кога сте повреден е што имате повеќе време за семејството, – потенцирал Федерер.
За поврзани вести продолжете надолу