Еурофарм убедливо поразен од Мешков во СЕХА

Ракометарите на Еурофарм Работник поразени се од Мешков Брест со 31:22, полувреме 19:12 во СЕХА лигатa.

Тимот на битолските „фармацевти“ поладнево во Белорусија играше без најефикасните бекови Стјепановиќ и Јотиќ кои се повредени, но и неорганизрано во нападот и посебно во одбраната што резултираше со пораз од 9 голови во корист на домашниот Мешков Брест.

Доколку голманот Николче Митревски не регистрираше 13 одбрани, тогаш битолчаните ќе запишеа поубедлив пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e