Еурофарм Работник: Ракометот во Европа ќе биде незамислив без ракомет во Битола

Управата на Еурофарм Работник го поздрави носењето на т.н. „Платформата за ракометна Битола“ од страна на Советот на Општината и смета дека ваквата одлука ќе овозможи финализирање на сите административно-технички аспекти кои се опфатени со договорот.

Ракометна Битола во натпреварувачката сезона 2019/20 повторно ќе биде дел од врвната ракометна Европа.

„Ракометна Битола отсекогаш припаѓала таму. Цврсто сме убедени дека во годините што следат, ракометот во Европа ќе биде незамислив без ракомет во нашиот град. Годинашнава европска приказна ја оценуваме како успешна во секој поглед. Преку досегашните телевизиските преноси, публиката ширум Европа имаше можност да види колку се сака ракометот овде и колку навивачите го разбираат ракометот. Најдобар показател за тоа е фактот што од почетокот на сезоната, нашиот град и нашата сала се први по посетеност на натпреварите во СЕХА лига на домашен терен“, посочуваат од клубот.

Од битолскиот лигаш и информација за одлука за намалување на цените на влезници за мечеви во салата „Боро Чурлевски“.

„Цената на поединечен билет ќе изнесува 150 денари. Сите оние, пак, кои имаат купено блок билети за првите десет натпревари во СЕХА лигата и во Лигата на шампиони по цена од 1.850 денари, ги известуваме дека истите ќе важат за сите натпревари на нашиот клуб до крај на сезоната (меѓународни, плеј-оф Домашно првенство и Куп натпревари). Сите наши навивачи кои имаат купено полусезонски билети за Лигата на шампионите или СЕХА лигата по цена од 1.000 денари, ќе бидат контактирани и ќе можат да изберат пет дополнителни натпревари до крајот на целата сезона за која ќе добијат бесплатни влезници“, додаваат од ракометниот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e