Неодамна Арсен Венгер го напушти Арсенал и на негово место за тренер на „Топчиите“ беше назначен Унаи Емери.
Сосема очекувано, Унаи Емери на управата на Арсенал им доставил листа со трансфер желби, а како што пренесуваат англиските медиуми, на врвот на листата бил францускиот играч за врска Стивен Н’Зонзи.
Станува збор за еден од најомилените играчи на новиот тренер на лондонскиот клуб со кого што соработуваше додека беше на клупата на Севилја, па разбирливо е зошто Емери сака да го види во дресот на Арсенал.
Англиските медиуми пренесуваат дека Емери веќе успеал да ги убеди челниците на Арсенал, па наскоро 29-годишниот играч за врска би требало да се пресели на „Емирати“.