Џејсон Батон, наредната година нема да се натпреварува во Формула 1. Ова вчера го изјави британскиот возак, но истакна и дека останува во Мекларен како амбасадор на тимот.
“После 17 години, потребен ми е одмор” – изјаво Батон во Монца.
Негова замена во Мекларен ќе биде белгијанецот Стофел Вандурно.
Светскиот шампион од 2009, Џејсон Батон во својата кариера има 15 победи, 50 пати се има качено на подиумот, а 8 пати има освоено пол позиција.
Има возено за Вилијамс, Бенетон, Хонда, Брон и Мекларен.