Францускиот стратег, Арсен Венгер пред точно 20 години ја започна својата авантура во англскиот премиерлигаш Арсенал.
Низ овие две децении, Венгер имаше успеси и падови во однос на освојување на титули, но секогаш успеваше да го одржи клубот од Лондон при врвот во Англија и во европскиот фудбал. Венгер исто така низ ните овие години успеа да направи, да извади голем број на фанстатични играчи, големи имиња кои значат многу во светот на фудбалот.
Во однос на која е најдобрата 11 на Венгер, одговор на ова прашање се обиде да даде легендата на овој клуб Алан Смит кој во периодот од 1987 до 1995 година даде 115 погодоци за „топчиите“.
Еве кој се најде во неговиот избор во анализата за „Скај Спортс“:
Голман: Дејвид Симан
Одбрана: Ли Диксон, Тони Адамс, Лоран Кошчелни, Ешли Кол
Средина: Фреди Љумберг, Патрик Виера, Сеск Фабрегас, Роберт Пирес
Напад: Тјери Анри и Денис Бергкамп
За поврзани вести продолжете надолу