Двајцата мажи кои ги нападнаа Колашинац и Озил ја признаа вината (ВИДЕО)

Полицијата во Лондон објави снимка од нападот на кој се гледа како разбојник се заканува со нож, но босанскиот репрезентативец Сеад Колашинац брзо се снајде и ги избрка.

Двајца мажи ја признаа вината по обидот за грабеж во лондонскиот кварт Хампстед, кога сакаа да ги ограбат фудбалерите на Арсенал, Месут Озил и Седа Колашинац, објави полицијата во Лондон.

Ешли Смит (30) и Џордан Нортовер (26) го признаа обидот за грабеж кој се случи на 25 јули оваа година во улицата Платс Лејн.

Тогаш ги нападнале двајцата фудбалери со закана со нож, но Колашинац ги избрка.

Потоа двајцата побегнале на мотор, но полицијата набрзо ги пронашла.

Според наводи на агенцијата Анадолија, Озил во еден момент го напуштил возилото и влегол во блискиот турски ресторан, додека Колашинац голорак им се спротиставил на напаѓачите. Потоа персоналот од ресторанот му се приклучило на Колашинац.

Британските медиуми наведуваат дека потоа разбојниците се разбегале и не успеале да ги ограбат фудбалерите на Арсенал.

Пресудата за разбојниците ќе биде изречена на 8 ноември.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e