Дуел Ѓоковиќ – Вавринка во финалето на УС Опен

Откако во првото полуфинале, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови извојува победа над французинот Гаел Монфилс и обезбеди пласман во завршницата на УС Опен, тоа подоцна го направи и швајцарецот Вавринка кој пак исто така со 3:1 го победи јапонецот Нишикори.

Кеи Нишикори беше подобар во првиот сет кој го доби со 6:4, но потоа третиот на АТП листата Стан Вавринка ги зеде работите во свои раце и ги освои наредните три гема со 7:5, 6:4, 6:2 и на тој начин се избори за пласман во финалето на УС Опен.

Финалниот дуел Ѓоковиќ – Вавринка се игра во недела од 22:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e