Реал Мадрид стигна до 11-та титула во Лигата на шампионите изминатиот месец мај откако во големото финале беше поуспешен од Атлетико Мадрид во пенал рулетот, но беа потребни дури пет месеци за да видиме едно видео кое досега беше необјавено од страна на „кралевите“.
Во преден план на долуприкажаното видео е првата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо, кој очигледно го искористил својот авторитет за да одржи мотивациски говор на паузата меѓу двете полувремиња за да го крене тимскиот дух меѓу соиграчите.
– Слушајте, јас сакам да кажам само една работа. На 45 минути сме од испишување историја. Заморот понекогаш е само психолошка работа. Мораме да одиграме уште 45 минути на врвно ниво, го можеме тоа бидејќи сите сме добро. Се е до менталитетот, на 45 минути сме од нова историја. Да се браниме како што се браневме во првото полувреме, – гласи пораката која им ја испратил Кристијано на своите соиграчи, а кои подоцна мораа да играат дополнителни 30 минути, па и пенали за да стигнат до популарната „Ундесима“.
За оние кои разбират шпански, говорот на Роналдо можете да го погледнете на следното ВИДЕО