Тимот на Рено беше дисквалификуван од јапонското Гран При, откако ФИА донесе одлука дека нивниот систем за сопирање делува како неовластена помош на пилотот. Одлуката доаѓа како резултат на поплака од Рејсинг Поинт: тие на видео забележале дека балансот на сопирачките се менува без интервенција на Рикардо или Хулкенберг. Индикацијата е видлива на воланот и очигледно ова беше причината ФИА да ја земе за анализа.
Стјуардите пресудија дека самиот „иновативен систем на сопирање“ не ги крши техничките регулативи, иако толкува „дупки“ во правилата. Како и да е, тој всушност делува како дополнителна помош за пилотот, а тоа е спротивно на самите спортски правила, затоа што го ослободува конкурентот да мора да прави рачни прилагодувања за време на обиколка.
Така на Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо се одземаат вкупно 9 освоени бода, освоени во последната трка. Рено има право на жалба.