Де Хеа потфрли на мундијалот во Русија, Еве кое е неговото оправдување

Давид Де Хеа имаше спектакуларна сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, а кога сите очекуваа дека ќе биде феноменален и на Светското првенство, голманот на „црвените ѓаволи“ имаше мундијал за заборав.

Шпанија вчера доживеа шокантна елиминација од селекцијата на Русија откако домаќините се покажаа како помирни и посталожени во пенал рулетот, завршница која уште толку ги засили критиките кон Давид Де Хеа кој немаше ниту една интервенција.

Навистина шокантно и разочарувачки изгледа податокот кој вели дека Де Хеа примил 10 гола од само 11 шута испратени кон неговиот гол на сите четири натпревари на мундијалот, а тоа во превод значи дека големото голманско име имало само една успешна интервенција во Русија.

Поради тоа, Де Хеа не остана поштеден од исмејувањата на социјалните мрежи, а откако денес одлучи да се огласи за разочарувачките партии и елиминацијата од Русија, чуварот на мрежата на „фуријата“ ги прифати само оние критики кои биле кажани со респект.

– Голема благодарност до сите оние кои поддржувавте, критикувавте со респект и страдавте заедно со нас. Ние сме разочарани, но ќе станеме од ова и нема да престанеме да се обидуваме да се вратиме, – порача Де Хеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e