Дарко Панчев единствен Македонец на вечната листа на најдобрите стрелци

Македонскиот фудбалер на векот, Дарко Панчев е единствениот Македонец на вечната листа на најдобрите стрелци во историјата на Лигата на шампионите.

УЕФА ја објави вечната листа на најдобрите стрелци во најквалитетното европско клупско натпреварување (ЛШ и претходно Купот на европските шампиони) од основањето на ова натпреварување, од 1955 година па се до денеска. На таа листа во која се сместени единствено фудбалери со најмалку 10 или повеќе погодоци во ЛШ единствениот Македонец е Дарко Панчев кој има 11 постигнати гола во некогашниот Куп на шампионите.

На врвот на листата најдобар стрелец е Кристијано Роналдо со вкупно 96 гола, пред Лионел Меси со 86 погодоци и Раул Гонзалез со 71 гол. Понатаму во Топ 10 уште следат Руд Ван Нистелрој со 60 гола, Украинецот Андреј Шевченко со 59, Тјери Анри со 51, Филипо Инзаги со 50, Златан Ибрахимовиќ со 49, легендарниот Алфредо ди Стефано со 49 гола и Еузебио со 47 погодоци.

УЕФА ја објави и листата на најуспешни клубови во историјата на Лигата на шампионите. Најдоброрангиран македонски клуб, согласно настапите во ЛШ и во КЕШ, е Вардар на 174. место, пред Работнички кој е на 181. место. Од останатите македонски клубови, Слога Југомагнат е на 292. место, Силекс е на 331. место, Победа е на 371. место, Македонија ЃП е на 452. место, Шкендија е на 462. место и Ренова е на 463. место, меѓу вкупно 500 рангирани клубови.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e