Во Берово, во организација на ППК Берово, под покровителство на ППФМ, се одржа завршниот ТОП 8 турнир во пионерска конкуренција за играчи до 15 години. ППК Берово иако е нов клуб на пинг понгарската сцена кај нас, покажа огромен успех во организирањето на овој турнир, со комплетна организациона поставеност и медиумска покриеност
Во натпреварувачкиот дел, кај пионерите, фаворитот Даниел Главевски со максимален број победи, седум од седум, рутинирано го освои првото место и сезоната ја завршува као прворангиран играч. На второто место кај пионерите се пласира Лука Стојчев, кој заедно со Александар Јакимовски од Крива Паланка се најнадежните пингпонгари во оваа конкуренција. Во последното седмо коло од турнирот Даниел го победи Лука со 3:0 во натпревар каде што првиот и третиот сет се решаваа во тај брек.
На турнирот не настапи Кенан Асанов кој поради повреда своето учество го откажа во последен момент.
Кај пионерките фаворитки беа Сара С.Стојановска и Васе Богоевска. Малку недостигаше од втор план да ги изненади Фани Јовановска. Фани во првото коло ја совлада Васе Богоевска со 3:2 во изедначен и интересен натпревар. Во четвртото коло Фани Јовановска не ја искористи предноста од 2:0 во натпреварот со државната првенка Сара С.Стојановска и загуби со 3:2, што на крај ја чинеше губење на првото место на ТОП 8 турнирот. Во последното коло Васе ја победи Сара со 3:1 во крајно неизвесен натпревар во кој сите сетови завршија со 2 разлика. Со тоа Васе Богоеска на крајот го освои првото место, Фани Јованоска беше втора, а Сара С. Стојановска го освои третото место.