„Црвено-црна“ лекција од Вардар за Татран Прешов

Ракометарите на Вардар продолжија да редат победи во СЕХА лигата со тоа што овој пат моќта на избраниците на Раул Гонзалес ја почуствува екипата на Татран Прешов.

„Црвено-црните“ во својот дом во СЦ „Јане Сандански“ имаа свое шоу во кое повторно беа блиску до бројката од 40 постигнати голови. Овој пат за разлика од дуелот со Целје (40-29), македонскиот шампион беше покус за два гола (38-21), но  и ова издание ги потврди високите амбиции на вардаци во кампањата 2016/2017.

Голманот Милиќ запиша 16 интервенции, а прв стрелец беше Душебаев со шест голови од седум обиди. Рабек на спротивната страна со шест погодоци беше играч.

Следен противник на Вардар во Сеха ќе биде Горење од Словенија и тоа на 28 септември во Скопје.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e