Чешкиот фудбалски сојуз до фановите: Избегнувајте било каква врска со Косово

Фудбалската федерација на Чешка со сет пораки до своите навивачи пред гостувањето на репрезентација на Косово во ноември во рамки на квалификациите за ЕП 2020. Во соопштението се апелира на воздржаност од провокации за избегнување на казни од УЕФА и за правниот субјект и за националниот тим.

„Молба да сите навивачи да избегнуваат секаква врска со Косово, особено политички алузии, повици и гестови, вербални или испишани пораки на транспаренти и гардероба. Сигурен сум дека никој не сака казна за чешката репрезентација која може да нè чини и елиминација од Европското првенство“, изјави Мартин Малик, претседател на фудбалската федерација на Чешка, за дневниот весник „Млада Фронта Днес“.

Чесите веќе ги пуштија во продажба билетите за натпреварот што може да се набават само преку интернет, а со објавата дека се достапни следуваше и пораката на Малик до фановите. Мечот меѓу Чешка и Косово е директен дуел за второто место во групата А во која лидер е Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e