Хрватскиот стручњак на клупата на Македонија, Лино Червар, посочи на официјалната прес конференција дека натпреварот со Словенија го добила нивната одбрана.
Червар најпрвин им честиташе на Словенците за победата и им посака успех натаму, а потоа започна со критиката на нашата игра.
– Тие играа одлично во одбраната и ни правеа проблеми, предводени од Скок. Имавме лошо отворање и слабост во одбраната, бевме недоволно силни за да го сопреме нивниот напад. Зоната 6-0 беше за нијанса подобра, но во нападот имавме проблем и бевме казнети. За разлика од тоа нивниот напад секогаш имаше решение. Не можевме да го користиме Велко Маркоски во двете насоки, па во второто полувреме ги користивме помладите играчи,- рече Червар.
Словенија утре игра со Тунис, а Македонија го продолжува натпреварувањето во среда против Шпанија.
Извор: Дерби