Челзи фаворит за Санчо, Абрамович вади 120 милиони фунти

Челзи е уверен во привлекувањето на Џејден Санчо по укинувањето на трансферното ембарго, пишува британскиот таблоид „Сан“.

„Сините“ се на пат да се изборат со Манчестер Јунајтед и Ливерпул за потписот на 19-годишниот напаѓач од средниот ред на Борусија Дортмунд.
Англискиот интернационалец, поранешен фудбалер на Манчестер Сити, ќе го чини лондонскиот тим околу 120 милиони фунти, што нема да претставува проблем за Абрамович и компанија.

Тимот игра против Тотенхем денес во дербито од 18. коло на англиската Премиер лига.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e