Една недела по завршувањето на Светското првенство, ИХФ, го објави видеото со најубавите 10 гола постигнати на ракометниот Мундијал.
Број 1 на листа на најубави голови на 25-то Светско првенство е цепелинот кој го изведоа македонските репрезентативци Дејан Манасков и Кире Лазаров.
Инаку капитенот на Македонија, Лазаров, Мундијалот го заврши како најдобар стрелец со 50 постигнати голови. За Лазаров ова беше втора титула најдобар стрелец на СП-а, откако ги предводеше најдобрите стрелци на на Мундијалот во Хрватска во 2009 година.
Мундијалот заврши со триумф на Франција, втора беше Норвешка, а трета Словенија.