Брестовац потпиша покана плус за ЕХФ неделата: Велковски наместо Серафимов во репрезентацијата

Данило Брестовац направи промена во списокот со ракометари кои ги планира за ЕХФ-неделата во октомври. Селекторот на македонската репрезентација реши да го врати во првиот тим десниот бек Мартин Велковски, кој годинава настапува за Еурофарм Работник.

Екс-ракометарот на Металург ќе го замени Мартин Серафимов, кој е повреден. И самиот Велковски долго влечеше повреда, но веќе одигра неколку дуели во СЕХА лигата и во Лигата на шампиони за битолскиот тим.

ЕХФ-неделата трае од 21 до 27 октомври, а во тој период Северна Македонија ќе одигра пријателски средби против Турција, Грузија и Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e