Големата sвезда на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои светската титула вечерва на ГН на САД и се запиша во историјата како шесткратен светски шампион. Британецот сега е пред Хуан Мануел Фанџо и веќе е на титула од легендата на спортот – седумкратниот шампион Михаел Шумахер. Луис остана втор на патеката во Остин, Тексас денес, но тоа беше доволно за да ја освои титулата на две трки пред финалето на шампионатот.
Победата денес ја однесе тимскиот колега на шампионот во Мерцедес, Валтери Ботас. Финецот имаше многу силен настап од почеток до крај и не дозволи на ниту еден од неговите ривали да ја загрози неговата победа.
Трет на почесниот подиум се искачи Макс Верстапен, кој ја немаше потребната брзина да се натпреварува за победа со доминантните автомобили Мерцедес.
CLASSIFICATION: US GRAND PRIX
Race win for @ValtteriBottas
Sixth world title for @LewisHamilton #USGP 🇺🇸 #F1 pic.twitter.com/fQBboXVCk7
— Formula 1 (@F1) November 3, 2019